| четврток, 6 декември 2018 |

Мали работи кои прават големи проблеми во врската

Во врска во која е изразено незадоволството, малите нешта стануваат големи препреки и прашање на време е кога еден од партнерите ќе изговори „Неможам повеќе“. Ова се четирите лоши навики  кои можеби несвесно ги правиме, а кои со тек на времето може да доведат до раскинување на врската или бракот.

decko i devojka razdelba

Прекинување на партнерот додека зборува

Освен доколку двајцата не функционирате така да му упаднувате на другиот во збор и така да комуницирате, тогаш прекинувањето на некого додека зборува е многу непристојно. Тоа може да се спореди со тоа дека демонстрирате моќ над другиот, што ја нарушува интимноста.

Што да се направи? Два или три пати неделно овозможете му да другиот да зборува што му е важно без да го прекинете, а вие за тоа време слушајте.

Превртување со очите

Ова е уште едно изразување на непочитување. Во ред е, ништо не зборувајте, но со превртувањето очи го омаловажувате другиот, што ја нарушува довербата.

Што да се направи? Доколку вашиот партнер го прави тоа, можно е да го прави несвесно. Затоа укажете му на тоа и кажете му како се чувствувате поради тоа. Кога ќе сфати во што е проблемот, превртувањето со очи сигурно ќе се намали, а и ќе имате шанса да ви се извини.

Оставање неред позади себе

Да бидеме реални, некои се уредни, а некои не се. Ако знаете дека на вашиот партнер му пречи кога мокриот пешкир го оставате на подот од купатилото или дека некоја ваша неуредна навика го ислудува, ваше право е дали сакате да ги промените своите навики или не. Но бидете свесни дека одбивањето го зголемува бесот и ве оддалечува од вашиот партнер.

Што да се направи? Разговарајте со партнерот кои навики ве иритираат, така и двајцата ќе се потрудите нешто да смените.

Ситничарење, корегирање и критикување

Постои повеќе од еден начин како да се наредат садовите во машината, на детето да му се сменат пелените или да се раскажува за тоа како сте се запознале. Но има и такви кои вечно го корегираат и критикуваат другиот и за најситни детали.

Што да се направи? Следниот пат кога ќе почувствувате потреба да му објасните на партнерот дека чашите се редат на горната решетка или  дека на детето треба почесто да му се менуваат пелените или да го прекинувате во раскажувањето на приказната како сте се запознале, вдишете длабоко и ништо не зборувајте.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top