Игралиштето за хокеј и уметничко лизгање на спортскиот центар „Борис Трајковски” е повторно пуштено во употреба за тренензи, како и за рекреација. Со ова, двете активности ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија каде сите заинтересирани ќе можат да уживаат во овие зимски спортови.
– Заклучно со завршувањето на Меѓународниот турнир во хокеј кој се оддржa на 15 и 16 ноември, во употреба e пуштено игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски”. И оваа зимска сезона, покрај часовите за рекреативно лизгање и тренинзите по хокеј, граѓаните ќе имаат можност и за рекреативно користење на игралиштето – изјави г-дин Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.
Термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, според следниот распоред:
– Понеделник: од 11:00 часот до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
– Вторник: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
– Среда: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
– Четврток: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.
– Петок: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 00:00 часот.
– Сабота: од 12:00 до 00:00 часот.
– Недела: од 12:00 до 23:00 часот.
Специјализираните тренинзи по хокеј, ќе бидат водени од рускиот стратег Димитри Прокудин, а во организација на Хокеј федерација на Македонија. Термините за истите се:
– Понеделник: од 19:00 до 20:00 часот.
– Вторник: од 19:00 до 20:00 часот.
– Четврток: од 19:00 до 20:00 часот.
– Петок: од 19:00 до 20:00 часот.
– Сабота: од 07:30 до 08:30 часот.
Тренинзите по уметничко лизгање, ќе бидат водени од Ксенија Јестшењски. Термините се со времетраење од еден час:
– Понеделник: од 17:00 до 19:00 часот.
– Среда: од 17:00 до 20:00 часот.
– Петок: од 17:00 до 19:00 часот.
– Сабота: од 08:30 до 12:00 часот.
– Недела: од 08:30 до 12:00 часот.
Сите заинтересирани граѓани имаат можност, да го посетат игралиштето за хокеј и уметничко лизгање и да уживаат во понудата, која Спортскиот Центар „Борис Трајковски” ја создава само за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Перински: Да не беше владата на ВМРО-ДПМНЕ, СЦ „Борис Трајковски“ никогаш немаше да се изгради
-
Манасков: Ние сме благи фаворити, со помош на публиката ќе славиме утре
-
Од денеска: Изнајмување велосипед од СЦ Борис Трајковски, 50 денари за секој час
-
СЦБТ: СДСМ и СОРОС по секоја цена се обидуваат да го нарушат нашето успешно работење