Најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси изјави дека сака кариерата да ја заврши во Барселона, но додаде дека не зависи само од него дали ќе се случи тоа.
– Во фудбалот понекогаш не излегува се според планираното. Сакам да останам во Барселона и да помогнам во освојувањето на уште многу трофеи. Тоа е кога би се прашувал само јас. Но, тука има и други фактори и останувањето на „Камп Ноу“ не зависи само од мене,
истакна Меси.
Аргентинецот Меси додаде дека не е загрижен по последните слаби игри на каталонскиот клуб кој заостанува зад лидерот Реал два бода.
– Барселона е голем клуб и кога ќе изгубите два натпревара по ред веднаш се појавуваат проблеми и критики од сите страни. Не треба да се крева паника. Ни дојде нов тренер со нови идеи. Имаме доволно квалитетни играчи сезоната да ја завршиме на вистински начин така да не сум загрижен, потенцира Меси.
Напаѓачот на Барселона досега за каталонскиот клуб одиграл 437 натпревари и постигнал 364 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.