| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ провоцираше за Вуковар, Јосиповиќ побара негово враќање во Хаг

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ  во вторникот на Денот на сеќавањето на жртвите на Вуковар им го честиташе „на српските четници денот на ослободувањето на српски Вуковар“.

Во писмото Шешељ наведува дека на „денешен ден пред 23 години српските четници, по тромесечни јуначки борби, го ослободиле Вуковар од усташки паравоени формации“.

– Српски Вуковар беше првиот ослободен српски град, кој без борба, со помош на режимот во Белград, е предаден на усташката хрватска држава – наведува Шешељ, кој минатата недела е пуштен од притворот во Хаг на привремена слобода.

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ реагираше на провокацијата на Шешељ и побара тој да биде вратен во Хаг.

-По срамотното соопштение на Денот на сеќавањето на жртвите во вуковар, Шешељ треба да биде вратен во Хаг, порача Јосиповиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top