Американските медиуми објавија дека е можно во финансирањето на терористичките акти од 11 септември 2001 година да учествувал еден од членовите на кралското семејство на Саудиска Арабија. Сомневањата се засновани на писмото кое во септември го упатил 46-годишниот Закарија Мусауи од Франција до судот во Оклахома-сити, кој во државата Колорадо издржува доживотна казна затвор на која е осуден поради вмешаност во рушењето на кулитежблизначки на њујоршкиот Светски трговски центар.
Мусауи имено во тоа писмо тврди дека неговата пилотска обука во градот Норман ја платил „еден саудиски принц“. неговото име не го открива, но тврди дека со него лично се сретнал. Според неговите зборови, тој припадник на кралското семејство не ја платил само неговата пилотка обука, туку и на 19 терористи кои на 11 септември ги киднапираа патничките авиони.
Мусаи изразил подготвеност сето она што го тврди да го изнесе пред суд. Можно е, меѓутоа да не му биде овозможено да го каже тоа и поради отпорот на Саудиска Арабија која тврди дека нема никаква врска со нападите во Њујорк и Вашингтон и затоа што самиот Мусауи порано давал „противречни искази“.
Мусауи е уапсен три недели пред 11 септември во Минесота каде ја завршувал обуката за пилот. И покрај тоа што не учествувал во ниту една акција и не убил никого, осуден е на доживотна робија како припадник на терористичка група. Дури бил означен и како „дваесеттиот терорист“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак