| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Хемсворт е најсексапилниот маж во светот (фото)

Австралискиот актер Крис Хемсворт е најсексапилниот маж во светот, според класификацијата на американското списание „Пипл“. Веста е соопштена во американско ТВ шоу, со водителот Џими Кимел на телевизијата „Еј -Би-Си“ и од списанието „Пипл“.

00090746

31-годишниот Хемсворт, чие лице првично било скриено, а неговиот глас дигитално изменет, од Австралија поставувал  скокотливи прашања кон американските гледачи, на кои тие морале да  одговараат со да или не.

Кимел загонетно се обраќал кон гледачите : „Ако одгонетнете правилно, најсекси мажот ќе води љубов со вас, па тоа е нешто навистина големо. Ќе ви дадам три објаснувања: Тој е секси, тој е маж, тој е жив“.

1338832462_chris-hemsworth-zoom

Свири ли во група? Не . Над 35 години ? Повторно грешка. Влакнести ли си, прашал со насмевка брадест маж,со проретчена коса од публиката. „Само тука“, одговорил сеуште маскираниот непознат маж покажувајќи си ја главата.

Набргу потоа гледачите сфатиле дека мажот не е американец и е актер кој играл суперхерој во филмови, носел чекан во филмовите на „Марвел студиос“. Бинго!

chris-hemsworth-shirtless wet

Наградата на Хемсворт била мало огледалце за лице.

– Сакаш да кажеш нешто на мажот кој загуби, имено Мет Дејмон, прашал Кимел. Фала му на Мет и на сите претходни интелигентни мажи. Оваа награда се базира на тест за интелигенција, не само на изглед, рекол Хемсворт.

shirtless-chris-hemsworth-photos-sydney-20

Запрашан дали сака да се заблагодари на некого, тој одговорил: “Претпоставувам на моите родители, дека ме направиле ваков”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top