| четврток, 6 декември 2018 |

Грција спречува меѓународна театaрска соработка, поради спорот со името

Грчки претставници ја спречиле Новата Европска Театaрска Асоцијација НЕТА со седиште во Битола, да стане членка на Унијата на театри од Европа (УТЕ), јавуваат денеска грчките медиуми.

Во Тел Авив од 13 до 16 ноември се одржа генерално собрание на УТЕ на кое, според грчките медиуми, кога дискусијата дошла до предлози за нови партнерства и нови членови, се појавила мрежата НЕТА, со која претседава поранешниот министер за култура Благој Стефановски.

Уметничкиот директор на Националниот театар на северна Грција, Јанис Вурос, веднаш реагирал и по забелешките дека се залага за отвореност и соработка, изјавил дека не може да прифати соработка со театар од Скопје кој го краде името на Македонија, кое не го признаваат Обединетите нации, ниту Грција.

По интервенцијата на Вурос, предлогот за соработка со НЕТА, наводно, бил повлечен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top