| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечката црква ќе исплаќа за педофилски гревови

clerical whispersСловенечката католичка црква ќе мора да плати отштета од 80 илјади евра во име на еден свештеник осуден за педофилија.

На свештеникот на парохијата Арче, кај Цеље, Карло Јошт, кој почина пред шест години од мозочен удар во домашен притвор, непосредно пред изрекувањето на пресудата, му се судеше за 16 сексуални напади врз девојчиња помлади од 15 години, на кои им бил учител по веронаука.

Иако постапката беше стопирана, една од жртвите, денес 28 годишна жена, покрена процес за отштета во приватна постапка, барајќи 140 илјади евра од мариборската надбискупија, бискупијата на Цеље и парохиската канцеларија на Арче.

Окружниот суд во Марибор во второстепената пресуда, која се уште не е конечна, одреди отштета од 80 илјади евра, кои мораат заеднички да ги исплатат надбискупијата Марибор, бискупијата Цеље и парохијата Арче.

Судот процени дека Црквата е објективно одговорна за отштетата, бидејчи Јошт бил нејзин службеник и настапувал во улога на свештеник.

Словенечките медуми наведуваат дека ова е прв случај во Словенија, црквата да биде прогласена за одговорна за отштета за престапи на свештеници, кога се во прашање скандали поврзани со педофилија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top