Русија сака да добие 100 проценти гаранција, дека никој не размислува за пристапување на Украина во НАТО, но засега таква гаранција нема, изјави прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, во интервју за радио БиБиСи.
– Ние би сакале да ни дадат 100 процентна гаранција дека никој нема да размислува за влез на Украина во НАТО. Ние би сакале да слушнеме, дека НАТО ќе престане да се приближува кон руските граници, дека НАТО ќе ги престане со обидите да ја наруши рамнотежата на силите. За жал не го слушаме тоа, рекол Песков во интервјуто емитувано вчера на радио БиБиСи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.