| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнисмените на средба во Велес

12122013160645_velesВо организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со општина Велес денес ќе се одржи средба на компании од областа на финансиите, сметководството, агро секторот и текстилната индустрија на која ќе се разговара за состојбите и потребите на бизнисмените од оваа општина.

На средбата ќе присуствуваат претседателката на ССК, Данела Арсовска и велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.

Во Велес ќе биде отворена и регионална канцеларија на ССК во која бизнисмените од овој град ќе добиваат информации за најновите случувања, законски измени и обуки поврзани со стопанството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top