Врнежи, а локално во северната половина од земјата и грмежи ќе го започнат денот среда. Претпладне ќе има мало намалување на интензитетот на врнежите, а попладне повторно локално тие ќе бидат позначителни, особено во североисточниот регион. Најслаби врнежи се очекуваат во југозападниот регион и истите во тој крај ќе бидат позастапени наутро.
Според метеопро.мк, максимална температура околу 15°С се очекува во котлините на северниот и источниот регион. Југозападниот регион очекува топол ден со максимални 15°С. Во југоисточниот крај температурата ќе достигне до 17°С.
Во скопската котлина позначителни врнежи се очекуваат наутро и попладне и истите ќе бидат проследени со ретка појава на грмежи. Вечерта ќе донесе постепен престанок на дождот. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне до 16°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.