Eдна од најпознатите комичарки и Мелиса Мекарти ги изненади своите фанови кога вчера на еден филмски настан во Санта Моника се појави видно ослабната.
Актерката препознатлива по својата голема фигура и вишок на килограми, благодарение на диета богата со протеини, а со намалени јагленихидрати, како и редовно вежбање, во само два месеци успеа да симне скоро 25 килограми од својата тежина.
Мекарти, која е една од ретките комичарки со номинација за Оскар, често изјавуваше дека килограмите не се важни, но се реши на овој чекор поради нејзините две ќерки на кои сака да им даде пример за здрав живот и исхрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.