Над 140 тужби се изготвени од синдикатот за фирмите кои се изјасниле дека поради проблеми не се во можност на вработените да им исплатат К-15. Ако овие работодавачи заклучно со декемвриската плата на сметката на работниците не исплатат дополнителни 8500 денари за регрес, тужбите за истите ќе бидат ставени во процедура.
-Овие тужби ќе значат трошок за фирмите од 22.000 денари по вработен. Тоа се судските и други трошоците поврзани со судската постака која работодавачите ќе мора да ја платат. На ова се додава и казната пропишана со закон – 4000 евра – изјави во вестите на „Сител“, Живко Митревски- претседтел на ССМ.
Според анализите на ССМ, досега над 50 отсто или половина од компании имаат испалено регрес. Митревски апелира до сите газди да ја исполнат обврската во утврдениот рок.
-Рокот за исплата на к15 истекува за два месеци. Имено регресот за годишен одмор работодавачот има обврска да го исплати заклучлно со декемвриската плата, вели Митревски.
Оние кои ќе се обидат да манипулираат со ова законско право на работниците, ќе се соочат и со кривични пријава. Според надлежните овие средства на граѓаните ќе им помогнат за подобрување на семејниот буџет, ќе ја зголемат потрошувачката, а тоа дирекно ќе влијае и за растот на економијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.