| четврток, 6 декември 2018 |

Што е вапоризирање?

Англискиот збор „to vape“ (вејп) во превод „вапоризирање“, која се однесува на користењето на електронските цигари, прогласен е за збор на 2014 година во изборот на Оксфордскиот референтен речник на англиски јазик.

Зборот „вапоризирање“ е наследник на „selfie“. „Вапоризирање“ се почесто се употребува како што расте популарноста на електронските цигари, кои наместо чад испуштаат пареа, па отаму и новиот глагол  „to vape“.

Терминот „вапоризирање“ масовно почнува да се користи од април, кога во Лондон е отворен „The Vape Lab“, првото кафуле за љубителите на електронски цигари.

„To vape“ се наметна пред кратенката „Indyref“, кој се однесува на референдумот за независност на Шкотска, како и пред зборот „normcore“, кој означува стил на облекување надвор од секоја мода и сам по себе е моден тренд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top