Рускиот претседател Владимир Путин, кого Киев и НАТО го обвинуваат дека испратил руска војска во источна Украина, на јавен настан во Москва ја искористи познатата изјава што му се припишува на познатиот американски мафијаш од 30-
тите години на минатиот век, Ал Капоне, за убедувачката способност на оружјето, пренесоа француските медиуми.
При посетата на изложба на руски производи во Москва, Путин застана пред моделот на превозно средство што е синтеза меѓу „оклопен транспортер и автомобил“ и се нарекува „учтива блиндирана машина“.
Терминот „учтив“ стана извор на шеги во Русија откако Русите, вклучувајќи го и нивниот претседател, руските војници ги нарекоа „учтиви луѓе“, кои во текот на март годинава без капка крв ја презедоа контролата врз украинскиот Полуостров Крим, потсетуваат француските медиуми.
– Ова ли се учтивите блиндирани машини? Човек може да добие многу повеќе со учтивост и оружје, отколку само со учтивост, рече Путин, парафразирајќи ја познатата изјава што му се припишува на Ал Капоне: „Човек може да добие многу повеќе со убав збор и револвер, отколку само со убав збор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.