| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Ранија го повика арапскиот свет да ѝ се спротивстави на ИД

ranija

Јорданската кралица Ранија денеска апелираше до арапскиот свет одлучно да се спротивстави на обидите на исламските екстремисти за негативно претставување на Блискиот Исток и на исламот.

– Нашиот молк е најголемиот подарок за џихадистите од групата Исламска држава. Ние сме соучесници во нивниот успех Блискиот Исток и исламот да го прикажуваат во негативна конотација – посочи Ранија.

Јорданската кралица потенцира дека треба да се стави крај на екстремизмот и оти треба да се инвестираат средства во квалитетно образование за сите деца и за создавање работни места.

– Едно малцинство од безбожни екстремисти ги користат социјалните мрежи за повторно да ја напишат нашата историја, да го заробат нашиот идентитет и да го променат нашето лице – истакна кралицата Ранија.

Додека таа зборуваше на екранот зад неа се емитуваа кадри од насилствата и разурнувањата од џихадистите.

– Овие кадри се во спротивност за поголем дел од Арапите, независно дали се муслимани или христијани. Овие кадри треба да предизвикаат гнев кај секој Арап од регионот бидејќи тие се напад врз нашите вредности и нашата колективна историја – истакна јорданската кралица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top