Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година.
Како што соопшти Министерството за финансии, станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари кои имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки.
– Министерството за финансии продолжува со редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство – стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.