| четврток, 6 декември 2018 |

Шинид О`Конор ги нарече терористи колегите од „ЈуТу“

file28141

Ирската пејачка Шинид О`Конор ги нарекла терористи, своите колеги и сограѓани од „ЈуТу“.

Повод за тоа бил последниот албум на Боно и компанија, која покажа целосен неуспех .

– Со ставање на ова ѓубре во „iTunes“, ЈуТу го наметнаа на луѓето. Боно и неговите колеги се терористи, бидејќи се обидоа да влезат во приватноста на луѓето, изјави 47 годишната О`Конор.

– Така не се прави. Ако албумот беше добар, ОК. Но, тоа е еден слаб производ, тотална утка, еден вид автоплагиат. Никој не би го купил, ако се продаваше по продавниците во нормален ЦД формат. А кога го пушташ на интернет, достига до мозокот на луѓето, речиси принудувајќи ги да го слушнат.

11111dde

–  „ЈуТу“ се само едни мегаломани, кои некогаш правеа убави песни. Со текот на годините, сепак нивото на производството им падна. Продолжуваат да пуштаат албуми потпирајќи се на старата слава. Како да го наречете тоа нивното поинаку освен „тероризам“ ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top