| четврток, 6 декември 2018 |

Зоонозите стануваат се поголема закана за луѓето

зоонози

Околу 60 проценти од хуманите патогени заболувања отпаѓаат на зоонозите, односно болестите што се пренесуваат од луѓето на животните и обратно, беше истакнато на денешната средба во Охрид за употребата на ветеринарното медицински препарати во лекувањето на животните и нивното влијание врз здравјето на човекот.

– Целта на оваа средба е токму заштитата на населението од тие заболувања, како синиот јазик, свинската чума, шапот, туберкулозата, бруцелозата и беснилото – истакна регионалниот претставник на ОИЕ за источна Европа, Никола Белев.

На средбата учествуваат претставници од 32 држави во регионот, Европската Унија и Југоисточна Европа, на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), како и на регионалните канцеларии на ОИЕ во Софија и во Брисел.

Целта е да се унапредат политиките и законодавството во однос на ветеринарно-медицинските препарати чија примена би придонела за подобрување на здравјето на животните и на луѓето како конзументи на производите од животинско потекло.

– Нашето закондавство во однос ветеринарно-медицинските препарати потполно е усогласено со европската легислатива. Целта на семинарот е усогласување на политиките при третманот на животните во земјите учеснички, како и размена на искуства со цел намалување на преносливите болести од животните на луѓето -посочи директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Во врска со појавата на птичји грип во западна Европа, тој истакна дека сите производи на македонскиот пазар се безбедни и оти за нив се добиени ветеринарни сертификати од државите што ги испорачуваат.

– Пред производство и преработка производот се прегледува, се следи евентуална клиничка слика на животните за повеќе болести и потоа се издава ветеринарниот сертификат кој гарантира безбедност. Истовремено редовни контроли на производите се врши и на домашните производители на животинска храна, така што во овој момент можам да кажам дека македонските производи се безбедни – посочи Поповски.

Настанот во Охрид го организира Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top