| четврток, 6 декември 2018 |

Џулијан Асанж во комедија

djuliyn-asanj-shte-razsmiva-ot-ekrana-268653

Комедијата „Бегалец“ за двегодишниот престој на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во еквадорската амбасада во Лондон ќе ја снима „Би-Би-Си“, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Филмот се очекува да биде завршен наскоро и да биде пуштен на екраните следната година. Премиерата на филмот е дел од проектот на британската медиумска корпорација „Во заштита на слободата“ , посветен на 800 години од потпишувањето на Големата повелба на слободата од англискиот крал Џон Беземни.

Австралиецот доби азил во 2012 година во дипломатската мисија на латинскоамериканската земја во британската престолнина поради закана од смртна казна во САД, по објавувањето на американски документи. Тој, исто така, е осомничен од шведските власти за силување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top