| четврток, 6 декември 2018 |

АБА го казни Левски – два меча пред празни трибини

Дисциплинската комисија на АБА лигата го казни Левски поради инцидентот во 8. коло на натпреварот против Партизан, со два меча без публика и парична казна од 5.500 евра.

Како што стои во соопштението од АБА лигата, Левски е казнет со 500 евра бидејќи неговите навивачи на теренот фрлале меки предмети на теренот, додека за фрлање на тврди предмети треба да платат уште 1.000 евра. За лошата организација на мечот треба да дадат уште 1.000 евра, додека за неспортско однесување треба да платат уште 3.000 долари.

Левски следните четири натпревари ги игра на гости, па така казната ќе ја одлежи во 13. и 14. коло против Цибона и Црвена Звезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top