| четврток, 6 декември 2018 |

Мечките продолжуваат да гризат, Кливленд повторно поразен

Во НБА-лигата синоќа беа одиграни девет натпревари. Во првиот натпревар Далас го декласираше Шарлот Хорнетс.

Во дуелот на двата тима, кои имаа ист скор 9-1 (победи-порази), Мемфис ноќеска го совлада Хјустон и стана првиот тим со 10 победи од единаесет натпревари одиграни во НБА-лигата.

Најдобар на дуелот беше Мајк Конли со 19 поени и 6 асистенции.

Екипата на Кливленд доживеа нов тежок удар, овој пат од Денвер. Фантастичниот Тај Лоусон беше најзаслужен за триумфот на неговата екипа.

Плејмејкерот на Денвер уфрли 24 поени и 12 асистенции, а зад него беше Ерон Афало со 23 поени.

Шампионот Сан Антонио ѝ го нанесе и десеттиот пораз на Филаделфија со 100-75, додека Мајами Хит по три порази славеше во Бруклин против Нетси со 95-83 на кого не му помогнаа ниту 22 поени на Бојан Богдановиќ. Феникс беа подобри од Бостон (118-114), Орландо славеше против Детроит со 107-93, додека Портланд надополнија и минус од 16 поени против Њу Орлеанс за триумф од 102-93.

Резултати на ноќешните дуели:

Мемфис – Хјустон 119:93,

Шарлот – Далас 80:107,

Кливленд – Денвер 97:106,

Бостон – Феникс 114:118,

Бруклин – Мајами 83:95,

Детроит – Орландо 93:107,

Сан Антонио – Филаделфија 100:75,

Портланд – Њу Орлеанс 102:93 и

ЛА Клиперс – Чикаго 89:105.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top