| четврток, 6 декември 2018 |

Мекејлеб ново засилување на Баерн

Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб најкасно до утре би требало да стане член на Баерн, пренесува интернет порталот „Еуробаскет“.

Американецот со македонски пасош беше без клуб, откако му заврши договорот со Фенербахче, во изминатиот период беше поврзуван со неколку екипи, но ниту една од нив не можеше да ги исполни финасиските услови на Мекејлеб.

Минатата сезона во Фенербахче, Мекејлеб имаше во просек 11,9 поени, 3,2 скока и 2,5 асистенции по натпревар.

Плејмејкерот треба да биде големо засилување за Баерн, особено во Евролигата, каде екипата од Минхен има само една победа во пет одиграни натпревари во Ц групата. Мекејлеб за Баерн треба да дебитира в четврток, кога во Минхен ќе гостува Барселона.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top