Британскиот премиер Дејвид Камерон предупредува дека црвените светла за опасност треперат на управувачката плоча на светската економија и дека се наѕира нова глобална криза.
Првиот човек на Велика Британија го испрати ова предупредување на самитот на Г-20 во австралискиот Брисбеин и додаде дека се забележуваат рани знаци, слични на тие што доведоа до глобална рецесија пред шест години.
Постои опасна атмосфера на несигурност и нестабилност, заедно со многубројни дипломатски, економски, хуманитарни и економски проблеми во светот, кои потенцијално би можеле да го загрозат економското заздравување на Британија, Европа и светот, смета Камерон.
Камерон, исто така, смета дека забавувањето на порастот во еврозоната влијае и на британскиот извоз и на производството.
– Еврозоната се наоѓа на работ на потенцијална рецесија за што се заслужни високата невработенст, сè побавниот пораст и ризик од инфлација – напиша Камерон за британски „Гардијан“.
Британската економија најбрзо расте меѓу членките на најразвиените држави во светот Г-7, тврди Камерон, иако неговата опозиција го тврди спротивното.
Имено, Крис Лесли, министер за финансии во лабуристичката влада во сенка вели: Британските работници во просек имаат на располагање по 1.600 фунти помалку отколку лани, се повеќе има задолжувања, а нашиот извоз заостанува зад конкуренцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.