Двајца палестински напаѓачи вооружени со секири и со ножеви упаднале во синагога во Ерусалим и убиле пет лица, пред да бидат убиени од полицијата, јавија израелските медиуми. Ова е најтежок напад во последните неколку години.
Израелските медиуми јавуваат дека полицијата потврдиле дека се убиени четири лица. Лекарите укажале помош на најмалку деветмина од кои пет потешко.
– Ова го сметаме за терористички напад – рекол портпаролот на полицијата Мики Росенфелд.
Медиумите јавуваат дека еден од напаѓачите имал и огнено оружје.
Во времето на нападот во синагогата се одржувала молитва. Ова е последен од низата напади на палестинските милитанти во последните неколку недели, вклучувајќи и терористички напади на пешаци и убиство на истакнат рабин. Исто така, за пораст на напнатоста придонеле и вестите дека Израел планира да гради нови населби за доселеници во источен Ерусалим.
Сè повеќе се зборува за можност за избивање трета палестинска побуна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.