| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца починати, 12 повредени во експлозија во Италија

italija eksplozijaТри жртви, 12 повредени  во експлозија на гас што утрово се случи на пазар во градот Гуастала во северна Италија.

Според информациите добиени од местото на настанот, инцидентот се случил како резултат на експлозија на гасен цилиндар, кој бил во мобилен киоск за брза храна. Телата на трите жени кои во тој момент се наоѓале во фургонот се пронајдени јагленосани. Најмладата од нив имала 28 години, а другите две биле на околу 50-годишна возраст. Станува збор за жени од едно семејство, мајка, ќерка и снаа. Повредените биле пренесени во болница во Гуастала, а три лица кои се со посериозни повреди се однесени во ПАарма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top