| четврток, 6 декември 2018 |

Горбачов: Обама е слабак, целата вина ја префрли на Русија!

Последниот советски лидер Михаил Горбачов денеска изјави дека е длабоко разочаран од вториот претседателски мандат на американскиот претседател Барак Обама и го нарече слабак.

– Претседателот на САД, Барак Обама е слабак, неспособен на вистински начин да го заврши својот втор претседателски кандидат. Тој одлучи целата вина да ја префрли на Русија. Се сретна со нашиот претседател (Владимир Путин), тие убаво се поздравија, но од тоа ништо не произлезе, што е штета. За него имав подобро мислење, истакна Горбачов коментирајќи ги резулатите од Самитот Г20 во Бризбејн.

Тој додаде дека ниту една работа не може да се заврши како што прави Обама.

Претседателот на САД на Самитот Г20 изјави дека меѓународната заедница и понатаму ќе ја изолира Русија ако претседателот Путин продолжи да го крши меѓжународното право и договорите за завршување на судирите во Украина,.

Обама ги повтори ставовите од својот говор во Генералното собрание на Обединетите нации кон крајот на септември, кога за Русија рече дека е една од најголемите глобални закани, заедно со вирусот на ебола и порастот на тероризмот во Ирак и во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top