| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ го чувале 400 оперативци од Шешељ

Стотици оперативци синоќа биле задолжени за безбедноста на Томислав Николиќ, поради сомнежите дека од неодамна ослободениот Воислав Шешељ има намера да приреди инцидент во Храмот на Свети Сава.

nikolic-cuva-speciv-01

Така, во текот на заедничката литургија на рускиот патријарх Кирил и српскиот патријарх Иринеј во Храмот на Свети Сава, повеќе од 400 оперативци го обезбедувале српскиот претседател, Томислав Николиќ. 

Според српски „Ало“, огромниот број на телохранители облечени во цивилна облека не би биле присутни, доколку на литургијата не се појавел и лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ, со помала група на радикали подготвени, да го провоцираат својот до неодамна партиски колега и актуелен српски претседател. 

nikolic-cuva-speciv-02

– Шешељ имаше план да предизвика некаков инцидент, да го испровоцира Николиќ. Неговите луѓе дури предлагаа и да донесат јајца и со нив да го удираат претседателот. Сепак, Томислав беше подготвен на сите можни изненадувања и го обезбедуваа дури 400 оперативци. Облечени како цивили, тие беа распоредени во целиот Храм, но и околу него. Затоа не постоеја никакви шанси Шешељ да ги исполни своите намери – изјавил неименуван извор од безбедносните структури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top