Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, се сликал гол во списание за поддршка на хомосексуалците. За списанието „Адор“ (Adore) Бутарис ги посочил перспективите на Солун да се претвори во отворен град, истакнувајќи дека би било од голема корист за градот да биде домаќин на 50.000 хомосексуалци на следната геј-парада.
– Јас не велам дека ќе дојдат 600.000 луѓе во нашиот град, дури и 50.000 би било добро. Ако успееме да привлечеме 50.000 хомосексуалци од Балканот, Блискиот Исток или од друго место, тоа ќе биде нешто големо за градот – вели градоначалникот, додавајќи дека сега не располагаме со повеќе од 2.000 до 3.000 луѓе кои доаѓаат на парадата. Ако тоа се зголеми до 50.000, тоа ќе биде голем успех.
Покрај тоа, тој ја објаснил својата намера да инсталира информативни и сообраќајни знаци напишани на еврејски и на турски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.