| четврток, 6 декември 2018 |

Деца жртви на бомбашки напад во Авганистан

Осум деца се убиени, а две се повредени во најновиот терористички напад на бомбаш – самоубиец во Авганистан. Напаѓачот ја активирал бомбата до една патрола на авганистански и НАТО сили во градот Хост. Покрај децата, загинал и еден полицаец, кој се обидел да го совлада напаѓачот. Претходно беше извршен самоубиствен напад во близина на Министерството за одбрана во Кабул каде загинаа девет цивили. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците структури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top