Бугарија комплетно ги разочара своите навивачи и целата нација со дебаклот против аутсајдерот Малта, на меч што неочекувано заврши нерешено, 1-1 во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Франција.
Двата бода се загубени против селекција што не требаше да биде сериозен предизвик, па Бугарија сега „виси“ во битката за пат на шампионатот во 2016 година.
„Ние сме срам за фудбалот“, процеди Николај Бодуров на пат кон гардеробата. Играчот на Фулам игра во одбраната на Бугарија, која комплетно разочара и си дозволи луксуз да прими гол од Малта, селекција што ретко постигнува голови. По 4 кола со 4 бода Бугарите се на четвртата позиција во Х групата, зад Хрватска и Италија со по 10 бода и Норвешка со 9 бода.
Првопласираните две селекции ќе играат на ЕП, заедно со најдобрата третопласирана репрезентација од деветте групи. Сите други состави што ќе се најдат на третата позиција ќе играат бараж-мечеви за настап во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



