Ракометарките на ЖРК Вардар синоќа во дуелот со Будуќност одиграа нерешено 24:24, а голем хендикеп за македонскиот тим беше повредата на една од најдобрите ракометарки Андреа Лекиќ во првите минути од натпреварот.
На прес-конференцијата по натпреварот тренерот Индира Кастратовиќ информира за тежината на повредата на Лекиќ.
– Девојките дадоа не 100, туку 300 отсто од своите можности. Од докторот добив информација дека повредата на Лекиќ (дисторзија на скочниот зглоб) не е сериозна. Благодарност и до публиката, иако не очекував полна сала. Тие не бодреа кога беше најпотребно. Нас сега не очекува уште еден тежок дуел со Турингер. Очекувам нов натпревар со Будуќност на крајот, рече Кастратовиќ алудирајќи на финале во Лигата на шампионите.
Андреа Лекиќ на социјалните мрежи објави фотографија, а под неа напиша дека на сите им благодари на подршката.
Последниот натпревар од групата Б ракометарките на Вардар го играат на гости против германскиот тим Турингер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.