| четврток, 6 декември 2018 |

Украина се подготвува за општа војна

порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина се подготвува за општа војна и дека не се плаши од конфликт со руските сили.

– Се подготвуваме за сценарио на општа војна… Не сакаме војна, сакаме мир и се бориме за европски вредности. Но, Русија не почитува никаков договор – изјави Порошенко во интервју за германскиот весник „Билд“.

Порошенко истакнува дека украинската војска сега е во подобра состојба од што била пред пет месеци и дека Украина ја поддржува целиот свет.

– Повеќе од сè сакаме мир, но во овој момент мораме да се соочиме со најлошото сценарио – смета украинскиот претседател.

Според податоците на Обединетите нации, за време на седуммесечните судири во источна Украина загинале повеќе од 4.100 лица.

Порошенко, кој во моментов се наоѓа на состанокот на Вишеградската група во Братислава, изјави дека судирот би завршил за две недели ако се примени мировниот план што беше потпишан во Минск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top