Исламска држава уништува историски локалитети во Ирак и во Сирија и продава антиквитети за да се финансира.
Најмалку 289 историски објектот се уништени за време на воените дејства во Сирија од 2013 година до денес.
Таков е билансот според рускиот новинар и етнограф Александар Риби, кој е посветен на истражување, на самото место, за резултатите од војната. Риби забележува дека пред претставниците на сириската официјална армија неговиот руски пасош прави чуда и ги отвора сите врати. Така тој успева да обиколи многу од местата што се во учебниците по историја.
И светската организација УНЕСКО, претходно оваа година објави дека групата ИД уништува историски локалитети во Ирак и во Сирија и продава антиквитети, за да се финансира. УНЕСКО го повика Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција, со која се забранува продажба на секакви предмети, поврзани со културното наследство на Ирак и на Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Богдановиќ најави дека некои објекти од проектот Скопје 2014 ќе бидат дислоцирани
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Масовни контроли во угостителските објекти, изречени казни и забрани за работа