Контроверниот филм на легендарниот режисер Ларс фон Трир, „Нимфоманка“, вечерва е на програмата на 13. фестивал на европски филм „Синедејс“, кој е во тек во Скопје. Филмот се прикажува во скопското кино „Милениум“ во 20 часот.
„Нимфоманка“ е дива и поетска приказна за животот на една жена, од нејзиното раѓање до 50-тата година, која ни ја раскажува главниот лик, самодијагностицираната нимфоманка, Џо. Една студена зимска ноќ, стариот, шармантен, ерген Селигман ја наоѓа Џо претепана во една уличка. Тој ја носи дома во својот стан, каде што ѝ ги негува раните, прашувајќи ја нејзиниот живот. Селигман внимателно ја слуша Џо, која во следните осум поглавја на долго и широко му ја раскажува приказната за својот живот, богата со асоцијации и вметнати инциденти.
Филмот досега беше прикажан на многу престижни фестивали, меѓу кои во Берлин, Венеција, Хонг Конг.
Во кино „Фросина“ денеска во 12 часот е на програмата „Големата убавина“ на Паоло Сорентино. Филмот е италијанско-француска копродукција. Влезот е бесплатен.
Во програтама „Сине балкан“ во 19 часот е „Непослушни“ на Мина Ѓукиќ.
Во 21 часот е „Тир“ на Алберто Фасуло, како дел од официјалната селекција на „Синедејс“. Оваа италијанско-хрватска копродукција е приказна за учителот Бранко кој ја менува својата професија и почнува да работи како камионџија – логичен избор ако се земе предвид фактот дека сега заработува трипати повеќе. Филмот освои повеќе награди на Римскиот филмски фестивал.
Во 23 часот е „Прекрсна врева“ на Ерик Грин, како дел од музичките документарни филмови. Ова е првиот документарен филм за едно од највлијателните андерграунд музички движења од крајот на 20 век. Во него учествуваат членови на Коктеу Твинс, Д Џизез енд Мери Чејн, Мај Блади Валентајн, Ријд… „Прекрасна врева“ е независен филм и страстен проект инспириран од длабоката љубов кон оваа музика и од желбата таа да биде документирана во историјата на музиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура