Изминатата ноќ во најсилната кошаркарска лига, НБА, беа одиграни четири натпревари. Никси конечно победија, а Коби со 44 поени не му помогна на Лејкерс за победа.
ЛА Лејкерс преживува тешки денови, а како што стојат работите го очекува тешка сезона. Лејкерс од почетокот на сезоната во десет натпревари има само една победа.
Вориорс во Лос Анџелес практично си поиграа со Лејкерс, а најдобар во победничкиот тим беше Стефон Кари со 30 поени и 15 скока, додека Марис Спејтс дополни 24 поени и 9 скока.
Кај Лејкерси, очекувано, најдобар беше Коби Брајант со 44 поени и пет скока, но Брајант притоа имаше и дури 50 шута на натпреварот, од игра со ефект од 15/34.
На првиот дуел од вечерта, Њујорк славеше против Денверс со 109-93, додека победи остварија и Милвоки против Мајами на Флорида со 84-91, и Хјустон против Оклахома.
Милвоки со победата над вицешампиониот се погрижија двата тим по десет натпревари да имаат речиси од 5-5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.