| четврток, 6 декември 2018 |

Му се може: Путин прв го напушти самитот Г20, никогаш нема да погодите зошто

Претседателот на Русија, Владимир Путин рано изутринава одлета од Австралија, веднаш по завршувањето на самитот Г20 на кој беше изложен на остра критика од страна на Западот поради Украина. Тој наведе дека заминува порано бидејќи му треба време да се наспие.

-Од Бризбејн до Владивосток имаме лет од 9 часа, а потоа уште толку до Москва, истакна Путин додавајќи:

-Потоа следува враќање на работа во понеделник. Морам да се отспијам најмалку четири до пет часа.
Рускиот лидер отпатува пред објавувањето на завршното соопштение на самитот на 20 најголеми светски стопанства, но присуствуваше на завршниот ручек и ги пофали „конструктивните раазговори“, пренесе агенцијата АФП.
На конференцијата за печат Путин му се заблагодари на австралискиот премиер Тони Абот за гостопримството, иако тој претходно се закануваше дека ќе се соочи со Путин за прашањето за соборувањето на малезискиот авион над исрочна Украина во јули, за кој Запад ги обвинува проруските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top