| четврток, 6 декември 2018 |

ИД тврди дека погубила американски хуманитарен работник

касинг

Екстремистичката џихадистичка организација Исламска држава објави денеска дека го погубила американскиот хуманитарен работник Питер Касиг, како предупредување до САД.

Исламска држава објави виде снимка на која маскиран екстремист стои над отсечена глава и тврди дека го погубил Касиг.

Тој е погубен, иако за време на заробеништвото премина во ислам и го зема името Абдул-Рахман.

Касиг (26) е киднапиран на 1 октомври 2013 година на патот за градот Деир Езор во Источна Сирија.

Тој е поранешен воен ренџер кој ја основа хуманитарната организација „СЕРА“ во Турција со цел да помага на бегалците во Сирија и снабдуваше бегалски кампови со храна и мединска опрема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top