| четврток, 6 декември 2018 |

Жена со нож нападна деца во Кина, убиено едно дете

кина

Тригодишно дете е убиено денеска во Кина, додека едно постаро девојче е тешко повредено кога на улица со нож ги нападнала жена, јавија кинески медиуми.

Инцидентот се случил во градот Бејхај, во јужната кинеска провинција Гуангси.

Полицијата ја привела осомничената, која има околу 40 години, и од неа одзела кујнски нож. Се претпоставува дека жената имала ментално нарушување.

Повреденото девојче на возраст од девет години, е пренесено во болница.

Не се наведува дали жената на некој начин била поврзана со жртвите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top