| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед: Ги сечев на парчиња и ги зацементирав мажите што ги сакав!

убиец

Од следната недела во книжарниците ширум Австрија ќе се појават мемоарите на Естибализ Каранца, 36-годишна жена која во Виена убила две свои момчиња, си распарчила нивните тела и ги зацементирала во подрумот од својата слаткарница.

Каранца моментално се наоѓа на издржување на доживотна казна затвор во Шварцау, во својата книга под наслов „Моите два животи“ до детали ги опиша убиствата, обидот за бегство како и раѓањето на нејзиниот син и венчавката со таткото на нејзиното дете во затворот.

-Не сакам ништо да разубавувам, ниту да молам за прошка и разбирање, ги започнува своите мемоари Каренца или Ледената дама како што ја викаат австриските медиуми. „Убив двајца мажи, кои еднаш ги сакав. Јас од Холгер и Манфред создадов монструми, а тие мене ме претворија во ѕвер“ – вели во својата книга Каренца.

Според податоците објавени во текот на судењето, Каренца првата жртва ја усмртила со пиштол на 27 април 2008 година. Откако не успеала да го запали трупот на мажот, Каренца го исекла на парчиња со моторна пила и деловите од неговото тело ги ставила во замрзнувач. Во текот на есента истата година, Каренца посмртните останки од својата жртва ги однела во подрумот од својата слаткарница која се наоѓа во 12. виенска општина и таму го зацеменитрала.

Наводно, Холгер го убила зошто не сакал да се иссели од нејзиниот стан. Својата втора жртва Манфред, Каренца ја ликвидирала  ноќта меѓу 21 и 22 ноември 2010 година. Таа испукал четири куршуми во грбот на момчето додека спиело. Убиецот и неговото теле го распарчила со моторна пола. Потоа деловите од телото ги ставила во еден сад и ги полила со бетон и ги однела во подрумот од својата слаткарница. Каренца рекла дека го убила Манфред затоа што бил неверен. Интересно е што неговата глава никогаш не е пронајдена.

Откако на 7 јуни 2011 година Каренца дознала дека еден работник кој вршел санација на слаткарницата, го пронашол пиштолот и посмртните останки од маж, веднаш се вдала во бегство. Тогаш од својата сметка подигнала 10.000 евра и одлетала за Париз, а потоа со такси заминала за Удине  (Италија).

Каренца е уапсена во Италија на 10 јуни 2011 година, а две недели подоцна е предадена на властите во Австрија. Во моментот на апсењето била во вториот месец од бременоста, а со таткото на детето кој тогаш и бил дечко се венчала на 29 март 2012 во затворот Јозефштад. Бебето е родено во затворот во јануари таа година.

Со психијатриско вештачење е утврдено дека Каренца боледува од тешко пореметување на личноста, но и дека е потполно пресметлива. Таа на 22 ноември 2012 е осудена на казна доживотен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top