| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули: Скопје повторно ќе биде град на солидарноста

-Синоќа официјално е потврдена мојата кандидатура за кандидат за градоначалник на Град Скопје и листата на советници, чиј носител е Софија Куновска. Од денеска и официјално и законски влегуваме во трка за победа во градот Скопје – истакна денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ и Сојузот за иднината Јани Макрадули.

Тој најави дека доколку победи на изборите ќе направи се Скопје повторно да биде град на солидарноста, во чест на 50-годишнината од скопскиот земјотрес. Вели веднаш по победата ќе отвори меѓународен конкурс, каде што „најстручните луѓе, онака  како што направија пред педесет години, ќе тргнат заедно со граѓаните во решавање на проблемите на Скопје, во градење на нова визија“.

-Ќе го отвориме и конкурсот за изградба на плоштад на солидарноста, кој што ние скромно сме го замислиле да изгледа вака, и сме го проектирале, што не значи дека на меѓународниот конкурс нема да добиеме поубаво, помодерно или постручно решение – рече Макрадули.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top