| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија годинава без претставничка за Мис на светот

мис

Македонија оваа година нема да има своја претставничка на светскиот избор за убавина „Miss World“ кој ќе се одржи на 14 декември во Лондон. После двата претходно неуспешни избори, едниот на 31 октомври, а другиот на седми ноември и синоќа наместо да се избере најубавата Македонка во скопската дискотека „Театро“, повторно се случи скандал, објави Телеграф.мк.

мис2

Главната организаторка Лидија Велковска на средина од вечерта на сите присутни, вкучувајќи и го жирито, помагателите и девојките пријавени на изборот им соопштила дека сепак ова ќе биде уште еден кастинг за „Мис на Македонија“.

Таа изненадена од негодувањата на присутните, само климала со главата и се обидувала да се оправда за настанатата ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top