Перо Антиќ одигра 5 минути и не постигна ниту еден поен за Атланта хоукс против разиграниот состав на Кливленд кавалирс, кој славеше со убедливи 127-94. Победникот се наѕираше уште по првиот период што домаќините го добија со 41-26, во извонредно шутерско шоу и 9 погодени тројки од 9 обиди.
Кливленд го предводеше извонредниот Леброн Џејмс со 32 поени, а се истакна и Кајри Ирвинг со 20 поени. Кај Атланта најефикасен беше Пол Милсеп со 16 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



