Повеќе од 20 шефови на држави беа вчера во Каракас, престолнината на Венецуела, за да се простат од починатиот претседател Хуго Чавез, а повеќе од милиони граѓани поминаа покрај неговиот ковчег. Иако веќе се одржа официјалната погребна церемонија, телото на Чавез ќе биде изложено уште седум дена, а потоа ќе биде балсамирано, за да може, според зборовите на неговиот планиран наследник, Николас Мадуро, „народот на Венецуела вечно да го гледа“.
Чавез се наоѓа во едноставен дрвен ковчек, со стаклен поклоп, покрен со цвеќиња и со венецуелското знаме, облечен е во воена униформа и со препознатливата црвена баретка на главата, иста како онаа што ја носел во текот на говорот од 1992 година, што го обележа почетокот на неговата политичка кариера.
Луѓето чекале и по 10 часа во колони долги по неколку километри само за на неколку секунди да му оддадат последна почит на претседателот за кого пред неколку месеци последен пат гласале. Околу ковчегод се одело во две колони, некој од граѓаните се поклонувале пред мртвото тело на својот лидер а некои отпоздравувале војнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Карлеуша не се одвојувала од Душко на погребот на татко му!
-
И во осмата деценија од животот не се предава: Бил Клинтон не го симна погледот од Аријана Гранде
-
Погребот на Арета Френклин закажан за 31 август во Детроит
-
И небото плачело: Молк на погребот на Миша Огњановиќ, a сите гледале во детал кој тера солзи на очите!