Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообрќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Песочани.
Од Секторот за внатрешни работи – Охрид информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила со охридски регистарски таблички. Повреденото лице е пренесено во болница во Охрид.
На местото на несреќата се врши увид, а сообраќајот е привремено во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


