Претставниците на словачките медиуми кои се наоѓаат во Скопје, во пресрет на вечерашниот дуел на нивната репрезентација со Македонија во своите извештаи ја изразија својата одушевеност од убавината на Националната арена „Филип Втори“, но истовремено искажаа зачуденост од незаинтересираноста на навивачите за фудбалските натпревари.
– Прекрасна, монументална и величествена е градбата на „Филип Втори“. Прекрасно издание со високи трибини и квалитетен терен. Стадионот има навистина пристоен капацитет од 32.580 седишта, но за жал делува неискористено, како да е на погрешно место и во погрешно време, во град во кој нема интерес за фудбалот, пишуваат словачките медиуми.
Тие потенцираат дека на домашните средби на Вардар и на Работнички, тимови кои играат на „Филип Втори“ заедно на двата клуба одат вкупно само околу 1.000 луѓе, нешто незамисливо за нивни услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава тепачка кај „Филип втори“
-
Претседателот на Европската академија на науките, уметностите и културата ја посети специјалната болница „Филип Втори“
-
По дивеењето на „Шкендија“ на „Филип Втори“: Над 70 илјади евра штетата од демолирањето
-
Вардар го закажа дербито, натпреварот против Работнички од 18 часот


