Состојбата на српскиот бизнисмен Милан Беко, врз кого вчера беше извршен неуспешен атентат, е стабилна, но тој се уште е во животна опасност, соопштија од Клиничкиот центар во Белград.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека најверојатно двете лица кои синоќа се обидоа да го убијат Беко не биле професионалци.
Полицијата открила 4 чаури и едно зрно на местото каде беше извршен атентатот и интензивно работи на откривање на мотивот за ова злосторство, изјави Стефановиќ.
Тој додаде дека полицијата интензивно работи на расчистување на обидот за убиство на српскиот бизнисмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


