| четврток, 6 декември 2018 |

Девојче од Македонија престанало да јаде откако и го одбиле барањето за азил

Петнаесет годишно девојче од Македонија, кое треба да биде екстрадирано од Шведска, од пред два месеца повеќе не е контактибилно, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Девојчето целосно престанало да јаде и сега добива храна на сонда. Апатичната состојба на девојчето се влошила драстично откако таа и нејзиното семејство од страна на шведскиот Миграциски завод добиле негативен одговор и одлука за екстрадиција во
Македонија. Барањето за азил на споменатото семејство било одбиено три пати во разнининстанци.

Лекарот Јохан Бливик, кој работи со азиланти на подрачјето на Карлскруна, каде што се наоѓами семејството од Македонија, во интервју за Шведското радио вели дека секој месец испраќамповеќе уверенија до Миграцискиот завод во врска со деца кои се изложени на сериознимризици за нарушување на здравствената состојба.

– Причината за тоа најчесто е одбивање на азилантски барања и одлука за екстрадиција, вели Јохан Бливик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top