Канадски и американски научници почнуваат тестирање врз луѓе на новата вакцина против ебола, соопшти канадската Влада.
Вакцината се разработува неколку години во лабораторија во канадскиот град Винипег, во државата Манитоба и е наречена ВСВ-ЕБОВ. Вакцината веќе успешно е тестирана на животни.
За спроведување на клиничките тестови на новата вакцина ќе биде користена група доброволци во клинината во градот Халифакс, Новa Шкотска.
Паралелно вакцината ќе биде тестирана и во Националниот здравствен институт на САД и во Истражувачкиот институт на американската армија „Волтер Рид“.
Првите резултати од тестовите се очекуваат во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


