Атланта хоукс на македонскиот кошаркар Перо Антиќ го победи поранешниот шампион Мајами со 114-103 во синоќешниот меч од НБА-лигата.
Антиќ постигна три поени во текот на скоро 13 минути поминати на паркет, а дури осум кошаркари на Атланта имаа двоцифрен ефект во поените.
Марио Чалмерс од Мајами имаше 23 поени, додека Крис Бош заврши со 20 поени и осум скока. Кај Атланта најефикасни беа Пол Милсап и Ал Хорфорд кои постигнаа по 19 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


